Православните христијански верници започнуваат со Апостолските пости

Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Постот, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

 

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

Овој пост се утврдува кога во 4 век, од страна на светиот рамноапостолен Константин Велики, биле подигнати храмови во чест на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Константинопол и Рим. Осветувањето на константинополскиот храм се случило на денот кога се празнува споменот на овие апостоли и оттогаш овој ден почнал да се одбележува особено торжествено како на Исток, така и на Запад.

Со празникот на светите апостоли Петар и Павле (29 јуни/12 јули по нов стил) завршува Петровденскиот пост, додека неговиот почеток е подвижен и зависи од празнувањето на Пасха (Велигден). Тој започнува една седмица по Педесетница, т.е. од понеделникот по Неделата на сите светии, а неговата должина варира од 8 дена до 6 недели.
Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно.
Според прописите на Црквата, надворешната форма на овој пост, за разлика од Великиот, е поблага: (понеделник), среда и петок е строг пост, во останатите денови е благословено да се јаде масло, а за викенди (сабота и недела) се дозволува и употреба на риба (можеби, како што велат некои, бидејќи апостолите биле рибари); ако се падне празник во делничните денови се случува ублажување на постот за еден степен (ако е строг – се дозволува масло, ако е со масло – се дозволува риба); на Иванден  се јаде риба, без разлика во кој ден и да се падне; ако има семејна слава, тогаш се разрешува употреба на масло, вино  и риба, во кој било ден и да се падне. Секако, со благослов на духовникот, ова правило може да се прилагоди во конкретни случаи.

Светите апостоли Петар и Павле биле толку различни: Петар бил необразован и сиромашен рибар, Павле бил син на богати и благородни родители, римски граѓанин со извонредно образование; Петар, маловерниот, трипати се одрекол од Христа, но горко се покајал и станал камен и основа на Црквата, Павле, најголемиот непријател на христијаните, кој жестоко се противел на Христа, подоцна станува најплодоносниот мисионер на Евангелието. Вдахновениот простак и избезумениот оратор, Петар и Павле, ја олицетворуваат духовната крепост и разум – двата најнеопходни мисионерски квалитета.


 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза