Дедо Дане Трајков е еден од најзаслужните лица за успешната здравствена заштита на борците од четвртата Македонска ударна бригада, којашто дејствувала на планината Плачковица.
На ден 07.07.1944 година на планината Плачковица на ѕверски начин од страна на фашистичкиот окупатор беше убиен Дедо Дане Трајков-член на АСНОМ и херој на Плачковица, кој го даде својот живот за да ја спаси партизанската болница во пролетната офанзива.
Тој храбро ги чувал и лекувал ранетите и болните борци, се грижел за нивнатабезбедност и редовно ги снабдувал со потребните лекарства. Работејќи несебично и пожртвувано, Дедо Дане Трајков за жал не дочекувајќи ја слободата, во јуни 1944 година, бил фатен од фашистите и бил стрелан во близина на селото Козбунар, непосредно до неговата родна Шипковица.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови