Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.
Пожарот на отворена во овој региона започна вчера на територија на Општина Василево и, како што соопшти ЦУК, се приближувал и се ширел и кон селото Злеово
Сериозноста на пожарот кај селата Сушево и Злеово, но и ризикот од негово ширење ја создал потребата во гаснењето да се вклучи и втор хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР), информираа Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Хеликоптерот на МВР, МИ-171 полни вода од малата брана, ископ на песок до акумулацијата ‘Турија’ и носел вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи до селото Сушево, Струмичко. Полнењето вода и дејствување врз пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваа во интервал од три до пет минути“, истакнаа од ЦУК.
Вториот хеликоптер, како што информира ЦИК, кој беше вклучен за гасење на пожарот кај селото Сушево и е модел „бел 412е“.
На терен се наоѓаа и екипите на струмичката територијална противпожарна единица.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови