Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Во претпладневните часови ќе има локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови од земјата, а вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 32 степена.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутро до 28 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со локален краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе биде 6. Температурата ќе биде во интервал од 20 до 32 Целзиусови степени.
За утре во Скопје се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се искачи до 28 степени.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови