Уапсен крадец од Конечко, се сомничи дека ограбил 5 куќи и 1 викендица

На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.

 

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза