ИПАРД за микро и мали бизниси во мерка 7-до 600.000 евра грант

Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД 3 програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според нивната локација се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка.

Кофинансираниот неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за набавка на:

  • Нови машини и опрема за производство и преработка
  • Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини
  • Опрема за манипулација, товарање и растоварање, вилушкари, транспортни приколки, контејнери, палети, подвижни ленти
  • Опрема за мерење на тежина
  • Опрема за следење на квалитет
  • Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање
  • Компјутерски софтвер

 

Грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производството (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор итн.)

  • Набавка на сите градежни материјали и елементи
  • Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби

 

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот. Може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност:

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра

 

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај сите села во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Погледнете ја целосната листа на 110 прифатливи дејности за кои може да се побара неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра преку ИПАРД програмата.

 

Повеќе за ИПАРД

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза