Во периодот од 26.07 до 28.07.2024 Институтот Јонус Емре од Скопје, организараше културно- историска прошетка до градот Одрин- Edirne.
Оваа едукативна екскурзија беше наменета за курсистите кои изучуваат турски јазик А1, Б1 и Б2, преку курсевите кои ги организира Јонус Емре.
Како дел од групата кои се запознаа со културно- историските споменици на Одрин беа и курсисти од Радовиш, кои го следеа курсот по турски јазик А1, како резултат на соработката помеѓу ЗГ” Невена” од Радовиш и Институтот “Јонус Емре ” од Скопје.
Од ЗГ “Невена”- изразуваат благодарност до Институтот бидејќи на курсистите им беше дадена можност за изучување на турскиот јазик и запознавање на турската култура одблиску.
Инаку градот Одрин-Edirne, има значајно место и во македонската историја, па оттука оваа посета беше интересна за сите.
ЗГ” Невена” Најавува дека соработката со “Јонус Емре” ќе продолжи и во иднина, со цел продлабочување на пријателските релации помеѓу македонскиот и турскиот народ.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови