Одржана 51 редовна седница на Советот на општина Радовиш

Советот на општина Радовиш денеска ја работеше 51 редовна седница. Седницата беше одржана во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш.

Советниците работеа со предложен дневен ред од 48 точки, а седницата ја водеше Претседателот Страхил Гавритов.

Советниците разгледаа повеќе Предлог-одлуки и програми, а на почетокот имаа можност да поставуваат Советнички прашања на кои одговор даде Градоначалникот Ацо Ристов.

На оваа седница беше усвоена Предлог-Одлуката за измена и деополнување на буџетот на Општина Радовиш за 2024 година.

На оваа седница беше верифициран мандатот на новиот советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Елена Тодорова  по испразнетото место и изборот на пратеник во Собранието на Република Македонија Моника Трајанова.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза