Доктор Стојанче Петров е именуван за нов в.д. директор на Здравствениот дом во Радовиш информираат од Министерството за здравство.
Д-р. Петров е специјалист по педијатрија во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Радовиш кој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, Универизтетот Св. Кирил и Методиј со специјализација по педијатрија на Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје.
Има посетувано и учествувано на повеќе обуки од кој може да издвоиме во Софија, Обука во Болницата Токунда, Институт за мајки и дете „Др Вукан Чупич“ во Белград и др.
На новиот директор Д-р Петров му посакуваме успешна работа и менаџирање со нашата Здравствена установа во Радовиш.
Покрај Д-Петров за Радовиш министерството ја назначи и Ненси Лозанче е нова в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Амир Елези на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, Стефан Трајановски на Општата болница во Куманово, Александар Бузалков на Општата болница во Велес, Стевче Цветановски на Психијатриската болница во Демир Хисар, Невена Маневска на Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, Мухсин Арифи на специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, Горан Маркоски на Општата болница во Охрид, Игорче Џиковски на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија и Лазе Јовчевски на Универзитетската клиника за детска хирургија се назначени за нови в.д. директори, наведуваат од Министерството за здравство. Рената Пешиновска на Здравствениот дом во Вевчани, Шпенди Амети на Центарот за јавно здравје во Тетово, а Горан Кузески на Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови