Во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш организирше промоција на две книги од роднокрајни автори. Станува збор за книгата под наслов ,,Државта е излажана” од авторот Здравко Тумбовски во која преку ликот на Спасе Страдалковски авторот ја олицетворува целата голгота низ која минува од најниските до највисоките судски институции во државата, за да на крајот сепак правдата да излезе на виделина.
Втората книга носи наслов ,,Народна медицина препорачува: Лекување со билки и мед” од авторите Љубица Арсова и Благој Митев во која истите се потрудиле преку личното искуство да ни понудат прирачник во кој се собрани рецепти и лековити билки од подрачјето на општина Радовиш а притоа користејќи и соодветна стручна литература. Инаку промотор на двете книги пред присутните беше проф. Славчо Атанасов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови