Оглас за вработување во Рудникот Бучим

Рудникот Бучим распиша огласи за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Магационер

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Организација и контрола на прием и испраќање на стоки и водење на веродостојна евиденција;
  • Водење на евиденција на залиха на стоки, проверка на издадената стока, известување за состојбата на залихите;
  • Примање, складирање и издавање на алати, резервни делови или резервна опрема и водење на веродостојна евиденција;
  • Мерење на стоките што се примени, издадени, произведени или испратени и водење на веродостојна евиденција;
  • Бележење на предмети примени за складирање;
  • Вршење на сродни задачи согласно квалификациите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно стручно образование (економска струка / информатичка струка);
  • Познавање на MS Excel и MS Word;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Одлично познавање на работа со компјутери;
  • Сертификат за управување со виљушкар (пожелно)

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Почетен договор на определено време со можност за продолжување

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок од:

  • 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected] со Диплома за завршено образование, со назнака за оглас за „Магационер“. 

Краен рок за аплицирање е до 25.09.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза