Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци”-Радовиш, како издавач, вчера ја промовираше стихозбирката под наслов ,,Искри од старото огниште” од нашиот родокраен автор Ѓорге Ѓеоргиев.
Промотор на стихозбирката беше Томе Постолов, а со музичка илустрација промоцијата ја збогати Александар Ицов.
Промоцијата се одржа пред многубројната публика во салата за промоции и во една позитивна и преубава атмосфера исполнета од стиховите на поезијата интерпретирана од страна на учениците: Роман Јованов, Евгенија Ристова, Вероника Костадинова, Олгица Ѓоргиева, Викторија Станкова, Јована Божинова и Диана Трајанов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови