Рудникот Бучим распиша огласи за вработување.
Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:
Инженер за БЗР
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Изработка и имплементација на план за безбедност: Развивање и имплементирање на безбедносни протоколи за работниците на површинскиот коп, објектите за преработка на руда и другите организациски единици, вклучувајќи евалуација на ризици, утврдување на безбедни рути за транспорт и работа, и утврдување на одговорности при несреќи;
- Контрола на работните услови: Редовно прегледување на работните услови на рудникот, особено поврзано со прашина, бучава, вибрации и хемикалии, и примена на мерки за минимизирање на штетните ефекти врз здравјето на работниците;
- Следење и инспекција на опремата: Осигурување дека сета опрема е во исправна состојба и одговара на безбедносните стандарди. Вршење редовни прегледи на рударските машини и механизацијата, особено на товарни возила, бушилки и камиони;
- Планирање и изведба на обуки за вработените: Организирање на обуки за работниците за правилно користење на заштитна опрема, како и заштитни мерки при работа. Редовно ажурирање на програмите за обука во зависност од нови стандарди и технологии;
- Проценка на ризици и надзор при активности со висок ризик: Вршење детална проценка на ризиците при активности како минирање и ископување, со фокус на безбедност на вработените и минимизација на опасностите;
- Изготвување и ажурирање на планови за евакуација и прва помош: Развивање на процедури за итни случаи, како и осигурување дека секој вработен е запознаен со правилата за евакуација и дека има пристап до потребните средства за прва помош;
- Контрола и надзор на подизведувачи: Осигурување дека сите надворешни изведувачи и подизведувачи кои работат на територија на концесијата на рудникот ги почитуваат безбедносните прописи и работат во согласност со локалните и националните стандарди за БЗР;
- Следење на законската регулатива и стандардите за безбедност: Континуирано следење на националните закони и интернационалните стандарди за безбедност во рударскиот сектор, и адаптација на локалните протоколи според новите прописи;
- Планирање и управување со лична заштитна опрема (ЛЗО): Обезбедување на соодветна ЛЗО за сите вработени, како и контрола на правилната употреба и редовното заменување на заштитната опрема;
- Изготвување на извештаи и статистики за БЗР: Редовно подготвување извештаи за безбедност и здравје на работното место, вклучувајќи податоци за несреќи, инциденти и превземени корективни мерки, со цел идентификација на области кои треба да се подобрат.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС (Високо образование од областа – Заштита при работа или Рударски факултет)
- Работно искуство од 3 години
- Уверение за положен стручен испит за стручно лице за безбедност при работа
- Познавање на MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Способност за тимска работа;
- Возачка дозвола Б категорија;
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
- Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Од понеделник до петок во временски период од:
- 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Инженер за БЗР и ППЗ”.
Краен рок за поднесување на апликации: 15.11.2024 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. |
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови