На меѓународната поетска манифестација „Караманови средби“ вечерва според програмата беше свеченото отварање во Музејот на љубовта и уметноста и доделувањето на наградата „Караманов 2024“.
Наградите „Караманов 2024“ за најдобра книга од македонски автори беше доделена на поетесата Ирена Павлова Де Одорико за книгата „Новоженство“.
Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ беше доделена на руската поетеса Олга Панкина за книгата „Меѓусебна потрага“, специјална награда беше доделена на Тихомир Јанчовски за поетската книга „Пристоен предлог и други песни“.
Наградите беа доделени од страна на Секретарот на општина Радовиш Љупче Почивалец.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови