СВЕЖО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ

Денеска ќе биде претпладне сончево и свежо, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност ќе биде и во Радовиш со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.

Од  петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации