На 28.07.2019 година во врeмето од 00:00 до 05:00 часот на подрачјето на СВР Струмица, во која спаѓа и ПС Радовиш е спроведена акциска контрола со цел откривање возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.
Во акцијата се санкционирани 10 возачи. Во времето од 07:00 до 12:00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена и акциска контрола за возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Во оваа акција се констатирани 22 прекршока, кои се соодветно санкционирани – информираат од МВР.