• Услови за користење

СРЕДА, НЕРАБОТЕН ДЕН

23 Октомври,  Денот на Македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Празникот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Денот е неработен.


Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.

До крајот на годината останува уште еден неработен ден 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден. и 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик за припадниците од турска националност.

 




 





 



 



 





 

 

 

Related Articles

Временска прогноза