Црвен крст – Општинска организација Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница! Научи прва помош!”
За таа цел волонтери од Клуб на млади на плоштадот Св.Спасо Радовишки укажуваа прва помош на најчести повреди.
Вештините за прва помош треба да бидат достапни за сите како круцијален хуманитарен акт што ги оспособува луѓето да спасуваат животи и помагаат да се закрепнат од ненадејна болест или повреда.
Поседувањето вештини за прва помош го зголемува капацитетот на поединецот да преземе брза акција за да ги намали или стабилизира сериозните повреди и да ги подобри шансите за преживување на жртвата.
Светскиот ден за прва помош е можност за промовирање и застапување за знаење и вештини за прва помош за пошироката јавност. Оваа година истиот го одбележуваме под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница” со акцент на афирмација на оваа животоспасувачка вештина меѓу младите.
Црвен крст – Општинска организација Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови