26 СЕРТИФИКАТИ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ОПШТО КОРИСНА РАБОТА

Денес беа доделени шеснаесет сертификати за Образовни асистенти ,три сертификати за лични асистенти во наставен процес ,четири сертификати за негуватели на стари и немоќни лица и еден сертификат за негувател на деца со пречки во развојот како и две потврди за успешно завршено учество во ОКР-2018.

Дваесет и шест лица од нашата општина се стекнаа со сертификати за учество во проектот „Општо- корисна работа“ финансиран од УНДП со 1.575.000 денари и кофинансиран од Општина Радовиш со 500.000 денари.  

Сите учесници беа работно ангажирани во период од шест до девет месеци во зависност од програмата и примаа плата од 9,000 денари со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда.

Проектот Општинско- корисна работа -ОКР се спроведува шеста година по ред и до сега се ангажирани повеќе од 90 лица во склоп на истиот.

Кординаторот на проектот Роберт Донев очекува програмата да продолжи со реализација и во следната година и изрази благодарност до националниот координатор на УНДП Снежана Мирчeвска Дамјановска за досегашната успешна соработка.


 





 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза