МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК-СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

По повод „Меѓународниот ден на мајчиниот јазик“ во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш се одржа трибина на тема: „Мајчиниот јазик-состојби и перспективи“.

Предвач на оваа трибина беше проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, редовен професор/научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков„ Скопје.

Во светот вчера се одбележуваше Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој од страна на УНЕСКО како таков го има прогласено во 1999 година а една година, подоцна е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во светот денес се зборува на околу 6.500 јазици, а на половина од нив, во многу делови од светот им се заканува изумирање и исчезнување. Конкретно, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент.  Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации