Секојдневно расте бројката на инфицирани лица од коронавирусот во Македонија,
Во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив, 12 се од Скопје, 8 од Куманово, 9 од Прилеп и 1 од Крива Паланка.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 384 лица. Според местото на живеење, најголем дел од заразените се од Скопје и нивниот број изнесува 195. Потоа следува Куманово со 62 заразени, а во Дебар 47 граѓани имаат коронавирус. Во Прилеп 21 лице има коронавирус, а 15 штипјани се заразени. Во Тетово бројот на заразени е 13, во Струга 9, шест во Велес, 4 во Битола, 3 во Охрид. По двајца граѓани со коронавирус има во Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, а по еден заразен е регистриран во Гостивар, Струмица и Кочани.
Министерот за здравство Венко Филипче од прес конференција со најновите информации за состојбата со коронавирусот.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/557359561652749/?t=274