РУДНИКОТ БУЧИМ ДОНИРАШЕ КОМБЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Оваа донација е потикната од потребите на општина Радовиш и училиштата кои имаат потреба за превоз и реализација на практична настава, а исто така оваа комбе ќе се користи и од членовите на културните друштва, НВО сектор и спортските клубови кои ќе треба да патуваат. Во разговор со менаџментот од Рудникот Бучим одлучивме дека вакво возило за ваква намена му е потребно на Радовиш и еве денеска се остварува донацијата на оваа возило за општина Радовиш и граѓаните на општина Радовиш.

Во оваа прилика сакам да искажам благодарност до Рудникот Бучим кој покажа уште еднаш дека има разбрање за сите оние потреби на граѓаните и секогаш се тука да помогнат – истакна Градоначалникот Ацо Ристов.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации