Вчера во организација на Црвен крст Општинска организација Радовиш и ИТМ Штип во просториите на ООЦК Радовиш се спроведе доброволна крводарителска акција.
На оваа акција доброволно даруваа 32 крводарители, односно собрани се 32 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните од Општина Радовиш.
Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени – истакнуваат од ООЦК Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење