ВАНКОВСКА: ЌЕ БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИТЕ, СИРОМАШНИ, ОБЕСПРАВЕНИ, ДИСКРИМИНИРАНИ

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, кампањата за претседател, под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна од Струмица. Таа од вечерашниот митинг порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви, како што рече, има и меѓу Албанците, и меѓу Ромите, и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите.

Претходно кандидатот за претседател на Левица проф. Билјана Ванковска официјално од Радовиш ја започна својата изборна кампања. Заедно со носителот на И.Е 4 Сашко Јанчев го посетија Радовиш и неговите граѓани и порачаа:”Борбата почнува сега”.

-Ние сме сите по таа класна основа обесправени, без оглед што јас доаѓам од привилигиран слој на академска фела, но овој систем е неправеден и кога некој ќе ме праша што е среќа, дајте дефиниција на среќа, во американскиот Устав има формула да трагаш по својата среќа. Како да бидам среќна ако моите сограѓани се несреќни. Како да бидам среќна кога просат по улици, како да бидам среќна кога денес пред штабот ме запира човек бездомник. Ние сме несреќни и со право мораме да бидеме гневни, рече Ванковска.

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации