ОПШТИНА РАДОВИШ ВО „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ“ И „ЕФИКАСНО ПРИБИРАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ ОД СОПСТВЕНИ ИЗВОРИ“


Градоначалникот Ацо Ристов присуствуваше заедно со другите градоначалници и секретари на 17 општини на потпишувањето Меморандум за соработка и се обврзаа на унапредување на своите капацитети за: ефикасно прибирање на приходите од сопствени извори, подобрување на капацитетите за планирање и наплата на локалните даноци, такси и надоместоци; пристап до надворешни ресурси и подобро управување со јавните финансии во согласност со законската регулатива.

Директорот на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Bardhyl Marku , ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините.

Истакна дека 48 партнер општини ги зголемија приходите од сопствени извори со просечен пораст од 22,32% во 2023 година, надминувајќи го значителниот раст од 10,26% забележан во претходната година. Дополнително, 14 општини кои изразија интерес, добија помош за ажурирање на базата на податоци за данок на имот, што резултираше во просечно зголемување од 20,5% на наплатата на данокот на имот. Овие резултати значително допринесоа за просечниот пораст од 45% на приходите од сопствени извори во истиот период.

На настанот им се оддаде признание и на 23 партнер општини од втората група, кои во изминатите 18 месеци со поддршка од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ги зголемија своите административни капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и подобра соработка со приватниот сектор.

 

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации