Кампањата за Парламентарните избори започна денеска со активности на партиите и коалиците за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици. Активности ќе има и за тековната кампања за Претседателските избори која ќе трае уште пет дена.
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата „Достоинствена Македонија“ пред граѓаните во Куманово. Обраќање ќе има носителот на ИЕ 4 Миле Цеков кој ќе им се обрати на пристутните граѓани.
Ние водиме позитивна кампања, но за жал во делот на платената политичка програма не сме еднакви. Фаворизирани се неколку кандидати, огромен тајминг и искрено жалам што граѓаните немаат можност да не видат на дебати.
И господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова, бегаат за жал од дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадиме нашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа го заслжуваат.
Непосредниот избор на претседател е суверентитетот којшто граѓаните и го даваат на функцијата за да биде претседател на сите граѓани и да ги претставува истите и тоа и дава дополнителна сила на институцијата Претседател.
Како демокрт, со демократски убедувања, секогаш сум подготвен да дебатирам и јавно да ги слушнам и останатите мислења во јавноста по однос на овој предлог но, сметам дека некој скриено се обидува да наметне еден нов наратив во државата со којшто ќе се редефинира карактерот на Македонија, од прост во сложен тип на државно уредување. Што за мене е неприфатливо! – истакна лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател Максим Димитриевски.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови