На 28.04.2024 во 01.10 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Т.К.(48) од Радовиш. Тој на ул. „1-ви мај“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови