СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПОМЕЃУ ПАТНИЧКО ВОЗИЛО И ТРАКТОР ВО КОНЧЕ


На 27.04.2024 во 18.20 часот на локален пат од село Конче кон село Лубница, општина Конче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(32) од село Лубница, општина Конче и трактор „имт 533“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Г.(47) од село Конче.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Клинички центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

 

*фото Архива



 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации