Државната изборна комисија објави резултати од 100% обработени податоци за претседателските и парламентарните избори.
Па така може да се види дека на парламентарните избори, апсолутен победник е ВМРО-ДПМНЕ кој освои 58 мандати.
По него, следува Европски фронт со 19 мандати и СДСМ со 18 мандати. Коалицијата ВЛЕН освои 13 мандати, а Левица и Движењето ЗНАМ по 6 мандати.
Најмногу гласови има Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ за која гласале 436.022 граѓани.
Коалицијата за Европска иднина – СДСМ освои 154.684 гласови, додека пак Европскиот фронт 137.561 гласови.
Во продолжение може да погледнете која коалиција, колку гласови освоила:
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови