Нашиот сограѓанин Дарко Коцев кој потекнува од Ињево, исклучително талентиран македонски музичар кој пее и свири на различни традиционални македонски инструменти ја промовираше својата прва песна „Тагата раната“.
Музиката и аранжманот за оваа песна е на Златко Миладиноски, текст на Мирослав Гавровски во режија на Владо Дојчиновски со продукцискаа INTV Австралија.

Со големо задоволство ви ја претставувам првата моја песна „Тагата раната“, за која е снимено и едно прекрасно видео. После оваа песна следуваат уште неколку авторски песни и ора кои се веќе во изработка, им благодарам на сите за досегашната поддршка – истакна Дарко.
слики и видео: INTV


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


