РК Радовиш пред баражот за Супер лига!

РК Радовиш во четврток го игра последниот натпревар пред „бараж“ натпреварот за Супер ракометната лига. Во СРЦ 25 мај во последното коло гостува екипата на РК Шампион каде што се очекува нашите ракометари да остварат уште една победа.

Инаку РК Радовиш е на второто место со 30 бода, пред Младост од Богданци позиција која му е обезбедена од предходното коло со победата во Драчево, со тоа нашиот клуб ќе има шанса по една сезона во прволигашката конкуренција да се вратат назад во елитата.

Противникот на нашите ракометари во бараж средбата ќе биде познат откако ќе се комплтираат натпреварите од суперлигашкиот плеј-аут, каде во комбинација остануваат Еурофарм Пелистер 2, Прилеп и Куманово.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации