Градоначалникот Ацо Ристов денеска беше во посета на ТППЕ Радовиш каде што заедно со пожарникарите ја примија донацијата на 40 против пожарни одела – донација од наша сограѓанка и нејзиниот сопруг кои живеат и работат во Швајцарија.
Овие одела ги исполнуваат сите норми и стандарди за користење од нашите пожарникари во секојдневното справување со пожарите кои се почести во овој период и ќе бидат надополнување на постоечката нова опрема кои ја имаат пожарникарите.
Донатори на овие одела е фирмата Бенаско, Мирјана и Криштоф Бенингер од Швајцарија. Превозник до Радовиш на донацијата беше Клас Ком Транс од Радовиш.
Градоначалникот Ристов им се заблагодари на донаторите за оваа опрема која е обезбедена во Швајцарија и до превозникот кој ги транспортираше до нашиот град.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови