На 22.06.2024 во 07.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода К.Р.(48) од село Баница, струмичко. Тој, околу 07.00 часот на Градскиот пазар во Радовиш физички нападнал вработен во Јавно претпријатие „Плаваја“ – Радовиш, кој во моментот извршувал службени задачи.
По целосно документирање на случајот против К.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови