Воведена забрана за сообраќај поради снегот на неколку патни правци

И денеска има забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Маврово. Забрана е воведена и на правецот кон Попова Шапка, соопшти АМСМ.

„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема ( ланци )“, велат од АМСМ.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации