Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени и можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата.
Благодарност до општествено одговорните компании коишто помогнаа, како и до сите коишто учествува во оваа активност.
На овој начин државата заштедува неколку десетици милиони евра, а капацитетите се зголемени. Оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август. По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија – истакна Премиерот Мицкоски на вчерашното давање во употреба на овие возила.




