Распишан Јавен повик за Субвенции за млади лица за полагање на возачки испит и субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед
За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2025 година, за добивање на субвенција на млади лица – жители на општина Радовиш, за полагање на возачки испит од Б категорија, согласно Програмата за Локален Економски Развој, на Општина Радовиш за 2025 година.
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година ќе се доделуваат на корисниците, баратели кои се редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или се невработени млади лица до 26 годишна возраст.
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година ќе се доделуваат на физички лица – жители на Општина Радовиш по поднесено барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед.
Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица кои ќе набават-купат велосипед од минимум 26” (инчи) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.
На барателот/физичкото лице ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката/купувањето на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето. Јавниот повик ќе се реализира по принципот “Прв дојден, прв услужен“. Јавниот повик се преќинува доколку се утврди дека се исцрпени сите предвидени финансиски средства пред официјалниот истек на јавниот повик, при што Општина Радовиш ќе ја информира јавноста на својата веб страна и на огласната табла дека повикот се преќинува поради исцрпеност на предвидените финансиски средства и дека повеќе нема да се примаат барања за овој повик.
Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавувањето на јавниот повик сметано од 16.04.2025 година а заклучно до 15.05.2025 година, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.