Голем успех на младиот радовишанец Кирил од меѓународниот пливачки митинг „Охрид Опен“
Исклучително сме горди што на овој меѓународениот пливачки митинг „Охрид Опен 2025“ учествуваше и пливач од Радовиш, младиот Кирил Котев кој имаше успешен настап и освои медали во повеќе дисциплини. Тој се натпреаваруваше во 8 дисциплини каде што освои 3 златни и 2 сребрени медали, на две трки беше четврти и една заврши како петти.
Кирил кој е наше дете радовишанче и живее со својата фамилија во Холандија и активно се натпреварува во повеќе пливачки дисциплини е меѓу првите 8 пливачи во неговата возраст во дисциплината „Градно“ во Холандија, а е апсолитен првак и шампион на Македонија во оваа дисциплина.
Честитки за младиот Кирил Котев, се надеваме дека ќе успее со неговите амбиции и го видеме за некој период како наш претставник на високо европско, светско или олимписко првенство.
На петтиот по ред „Охрид Опен 2025“ кој се одржа во саботата на отворениот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во Охрид учество зедоа над 220 пливачи од 25 клубови од земајва и странство натпреварувајки се во 9 пливачки дисциплини и 5 возрасни категории.





