• Услови за користење
  • Импресум

ПРЕКИНАТА 47. РАБОТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

Советот на општина Радовиш денес ја работеше 47 седница, со предлог дневен ред од 65 точки, а седницата ја водеше Претседателката на Советот Викица Манолева.

Седницата се одржа во Центарот за култура во Радовиш со почеток од 12 часот, каде што советниците како прва точка од Дневниот ред имаа можност да поставуваат Советнички прашања на кој даде одговор Градоначалникот Герасим Конзулов.

Веднаш после првата точка поради неможноста да се продолжи со работа со напуштањето на дел од советниците оваа 47 седница беше прекината – за нејзино продолжување дополнително ќе се извести.


„47-мата седница на Советот на општина Радовиш на која беа присутни 17 членови на советот, како и поканети гости по точките од предолжениот дневен ред. Дневниот ред на кој беа повеќе од 60 точки во текот на расправата претрпе измени.  Од 17 присутни членови на советот на општината истиот беше усвоен со 9 гласа ЗА, додека опозицијата со 8 членови на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, иако присутни во салата не гласаа/ не се изјаснија по измените и предложениот дневниот ред.

Седницата започна со точката советнички прашања на која членовите на советот поставија повеќе прашања од инфраструктура до градоначалникот, а поради присутноста на директорите од образовните инситуции интерес имаше и за почетокот на учебната година и преземените мерки од страна на училиштата за заштита на учениците и вработените од вирусот Ковид 19.

По завршувањето на првата точка и дадената пауза, на почетокот на продолжението, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најави дека ја напушта седницата. Причината е дека дневниот ред е усвоен, а тие не се изјасниле за негово прифаќање или отфрлање, како и забелешка на отфрлената точка 2 од дневниот ред со што се создавала можност за кочење на работата на градоначалникот и локалната самоуправа.

По напуштањето на седницата, поради немање кворум за работа, седницата беше прекината, а продолжението дополнително ќе биде закажано.“


 

Предложениот Дневен ред за седницата на следниот линк

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза