Во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата како и планираните програмски активности, Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш и во 2018 година го организира традиционалниот есенски продажен ,,Саем на книгата 2018”.
На овој саем ќе има соодветна и директна понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на книгата и пишуваниот збор во Општините Радовиш и Конче.