РАДОВИШКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА СО ИЗЛОЖБА ВО ИЛИНДЕН

Во Домот на култура ,,Илинден,, отворена изложба на слики од ликовната колонија во Радовиш

Вчера  во Домот на култура ,,Илинден,,, се отвори ликовна изложба на слики од третата Меѓународната ликовна колонија во Радовиш ,,Свети Георгиј,,.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на ноември. На изложбата се претставени над 43 слики од 17 автори од земјата и од странство, создадени за време на овогодинешната ликовна колонија што се одржа во манстирскиот комплекс ,,Свети Георгиј,, во Радовиш.

Посетителите на изложбата имааат можност да видат повеќе дела од домашните автори како Крсте Тарабунов, Душко Коцев, Новица Трајковски, Ангел Коруновски, како и гостите од Турција, Србија, Бугарија, Русија и Монголија меѓу кои се издвои ликовниот уметник Летив Намдагжанчивин.

Видео ТВ МТМ

 

 

 





 

 

 

Related Articles

Временска прогноза