САНИРАЊЕ И КРПЕЊЕ НА УДАРНИТЕ ДУПКИ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ПОКРАЈЧЕВО-ЗЛЕОВО И КОН ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА
Во изминатите денови извршено е крпење на ударни дупки и оштетени делови на патот Покрајчево-Злеово.
Извршена е санација на најоштетените делови на патот кон планината Плачковица – остри кривини.
Во наредниот перод ќе се продолжи со крпење на ударните дупки на истиот патен правец – информираат од Општина Радовиш.