РЕГИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ГРАДОВИ И ОПШТИНИ НА ЕУ ПРОЕКТИ

Од 28-ми до 30-ти Ноември, делегација на Општина Радовиш предводена од градоначалникот Герасим Конзулов учествуваше во работата на „Првата регионална конвенција за соработка меѓу градови и општини на ЕУ проекти,“ одржана во Мојковац и Колашин, Република Црна Гора.  

Договорена стратешка соработка за полесен пристап до ЕУ фондовите

На конвенцијата присуствуваа делегации од Белишче, Бенковац, Биоград на мору( Хрватска), Мојковац, Колашин (Црна Гора) и Радовиш(Македонија).

Тема на конвенцијата беше можноста да се втемели меѓународна соработка со која би се олеснил пристапот до ЕУ фондовите кои се фокусираат на заштита на околината, туризмот,културата и спортот.

Во рамките на делот – „Туризмот како стратешка рамка за развој во регионот,“ градоначалникот Конзулов го презентираше туристичкиот потенцијал на Општина Радовиш со акцент на руралниот туризам.

„Радовиш е туристича дестинација во фаза на развој со неискористен потенцијал, главно подобна за развој на рурален туризам. Имаме слабости во повеќе аспекти но најголем проблем е недостатокот од сместувачки капацитети. И покрај тоа, превземаме активности за подобрување на општата состојба со инвестирање во патната инфраструктура и просторното уредување на локалитетите“, истакна Конзулов.

Градоначалникот на Белишче (Хрватска), Динко Буриќ потенцираше дека градот на годишно ниво по основ на разни проекти од ЕУ повлекува околу 4 милиона евра.

Конвенцијата заврши со усвојување на заклучоци и оценка дека Првата конвенција ги исполни очекувањата и покажа дека постои потенцијал кој треба заедно да и го понудиме на ЕУ.

 

 

Општина Радовиш


 





 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза