Здружението на пензионери на Општина Радовиш и Конче во соработка со Црвен крст – Општинска организација Радовиш денес поделија 75 хуманитарни прехрамбени пакети на пензионерите кои имаат нега од трето лице.

Голема благодарност за Здружението на пензионери и Претседателот Мите Стефанов кои помогнаа за полесна дистрибуција на пакетите до крајните корисници – истакнуваат од ОО Црвен крст .





