• Македонија
  • Свет
  • Услови за користење

8 МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. 

Насекаде во светот Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина е присутно за секого. Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени лица и над 17 милиони волонтери Црвениот крст/Црвената полумесечина дејствува како сила за позитивна промена за најранливите категории на население во ситуации како што се одговор на потребите во случај на катастрофи и вооружени конфликти, обезбедување на поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување во нивна корист во политичките кругови и владите.

Водени од Основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и го намалуваме страдањето.

Оваа година по повод 8 мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина Црвениот крст на Република Македонија со општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

 




 




 




 

Related Articles

Временска прогноза