Во неделата на езерото Мантово беше одржан националниот Куп во спортски риболов „Илинден 2019“. Овој натпревар во риболов беше во организација на Македонската риболовна федерација, а домаќин беше Риболовниот клуб Крап-Радовиш.
Покрај лошите временски услови и силниот ветер во неделата риболовците од деветте екипи кои учествуваа, имаа еден прекрасен ден на нашето зеро Мантово ловејки четири часа во дисциплината „Пливка“
Најдобро пласирана екипа беше Вардар 1 од Скопје, втора беше екипата Вардар 2, а третото место го освои екипата на Кркушка од Велес.
На овој КУП-натпревар чествуваатекипи составени од 3 (три) натпреварувачи и 1 (еден) капитен на екипата. Дозволена беше употреба на прибор по слободен избор без ограничување на должина на риболовна трска, и задолжителна риболовна мрежа (чуварка) со прстени – дозволен беше улов на сите видови риби без ограничување на големината.
Сррк КРАП-Радовиш искажува благодарност до МРФ што ги удостои по повод нивното „10-годишно“ постоење како риболовен клуб да еден официјален национален натпревар во спортски риболов биде организиран на езерото Мантово.
ФОТО ГАЛЕРИЈА