Се најавува невреме во Македонија. Циклонот Андреа веќе почна да беснее, а носи ветер, дожд и грмотевици.
Според метеоролозите невреме има во Охрид.
Циклонот моментално е најсилен во јужните делови на Италија и во Јонското море, а Македонија најпогодена според метеоролозите ќе биде денеска, за кога се очекуваат поројни дождови проследени со силен ветер и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град.
Обилните дождови денеска го погодија северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а во Приедор и Босански Нови се излија локалните реки.