Aплицирајте за инвертер клими кои се наменети за ранливите семејства!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најави важна мерка која е наменета директно за најранливите категории во нашето општество – домаќинствата кои се соочуваат со енергетска сиромаштија.

 

Со нов јавен оглас, во 2025 година ќе започне распределбата на енергетски ефикасни инвертер клима-уреди, чија цел е значително да го подобрат животниот стандард и да ги намалат трошоците за електрична енергија во илјадници македонски домови.

Оваа иницијатива е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година и е пропишана во „Службен весник на РСМ“ (бр. 161/25). Во согласност со јавниот оглас, домаќинствата кои ги исполнуваат условите за ранливи потрошувачи ќе имаат право да добијат инвертер клима-уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа најмалку А+, кој ќе им овозможи штедење на електрична енергија и висок квалитет на греење и ладење, особено важен за најзагрозените семејства.

Рокот за пријавување е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник, а деталните информации и потребните формулари се достапни на официјалната веб-страница на Министерството: www.energy.gov.mk.

Кој може да аплицира?

Право на учество имаат домаќинства кои се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, односно:

  • Домаќинства со ниски приходи кои не можат да си дозволат основни енергетски услуги (греење, ладење, топла вода, осветлување), а месечниот нето приход не ги надминува утврдените лимити според големината на домаќинството (од 25.000 денари за едночлено до 43.000 денари за поголеми семејства).
  • Домаќинства каде што единствениот приход е пензија под просечната, со соодветни лимити според бројот на членови.

Сите добитници ќе добијат инвертер клима-уред со висока енергетска ефикасност, со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеење и намалување на трошоците за струја.


Институција која огласува: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Рок на пријавување: 05/10/2025

ЈАВЕН ОГЛАС за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, преку доделување на правото на купен и вграден инвертер клима уред

ИЗЈАВА за веродостојност

ОБРАЗЕЦ 1 ДОМАЌИНСТВО СО НИСКИ ПРИХОДИ

ОБРАЗЕЦ 2 ДОМАЌИНСТВО ВО КОЕ ЕДИНСТВЕН ПРИХОД Е ОД КОРИСНИК НА ПЕНЗИЈА

Погледнете повеќе

Повеќе информации