• Услови за користење

Радовишки марифети: БАКЛАВА

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и самуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Иако, генерално, традицијата е распостранета секаде во Македонија, постојат неколку оригинални рецепти што може да се сретнат само во Радовиш.

Поради тоа, од оваа рубрика „Радовишки марифети“ , ви претставуваме неколку радовишки кулинарски тајни.

 

Плехот се премачкува со масло и се става една кора, па малку се попрскува со масло, малку шеќер и малку гриз.
Постапката се повторува со секоја наредна кора само на секоја третата кора се ставаат и дел од сецканите оревите.
Внимателно да се испланираат состојките за да биде доволно за сите кори.
Постапката се повторува се додека не се искористат сите кори и се завршува со кора за да се прекрие баклавата и се премачкува со путер.
Се сечи на парчиња и се печи на 180 степени околу 40 минути, се додека не добие убава румена боја, повеќе да суши одколку да печи за корите да бидат крцкави. Се остава да олади.

Шербет
Водата, шеќерот и лимонот заедно се варат да згуснат.
Се остава 10 до 15 минути шербетот малку да олади да не е врел, но да не е ладен.
Потоа се потура постепено со лажица најпрво во растојанието каде што е пресечена, а потоа и на парчињата.
Најдобро е да одстои еден ден, а потоа да се служи.

Состојки
500 гр готови кори
200 гр масло
100 гр шеќер
100 гр гриз
300 гр ореви сецкани
Шербет
900 гр шеќер
900 гр вода
1 сок од лимон

 



 

 




Related Articles

Временска прогноза