Универзалната спортска школа „Be Active“ од Радовиш веќе три години успешно функционира и работи – прекрасната идеја и успешната реализација се преточија во спортувањето и дружењето на најмладите, исто така најважно бенифитот го користат најмладите дечиња и можноста да работат по план и програма.
Разноликоста, можноста за усвојување на основните видиви на движења: трчање, ползење, балансирање, прескокнувања влечење и други, обучување и усвојување на сите спортски дисциплини: атлетика, гимнастика, фудбал, кошарка, ракомет и други игри. Елементарни игри, штефетни игри, забавни игри, тимски игри, како и активности во природа, пливање, велосипедизам излети, скијање, летни кампови и други се активностите кои ги спроведува оваа наша успешна школа.
„Be Active Be Healthy Be Happy“
Честит роденден, и многу успех во следниот период – Ви посакува редакцијата на информативниот портал RadovisNews, кој ве следи веќе три години !