ПО ПОВОД „ЕВРОПСКАTA НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“ „УЧИЛИШЕН ДЕН- БИДИ АКТИВЕН“

 „Европската недела на спортот“ денес беше одбележана во Радовиш, која беше организирана во соработка со Агенцијата за млади и спорт, а под покровителство на општина Радовиш, и Градоначалникот Герасим Конзулов

Во училишната спортска сала при ООУ „Крсте П. Мисирков“ беше спроведен проектот „Училишен ден- Биди Активен“ кој е дел од еден од најмасовните спортски настани  „Европската недела на спортот“ кој паралелно се одржува во 42 земји во Европа а свое учество земаат повеќе од 13 милиони учесници.

Под мотото „Биди Активен“, повеќе од 60 дечиња од I-во и II-ро одделение се забавуваа, играа и заедно со Професорите по Физичко воспитување и одделенска настава покажаа дека спротот и здравиот начин на живот треба да бидат приоритет на секој од нас.

 






 

 




 

 





 



 

Related Articles

Временска прогноза